МНР: нема информации за Македонци заболени од коронавирусот во Италија

Италија- војници со маски пред катедралата Дуомо во Милано, 24.02.2020

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека согласно информациите добиени од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција – Италија до овој момент нема информација за македонски граѓани кои се заболени од коронавирусот. Во зафатените региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23,000 државјани на Република Северна Македонија информираат од МНР, наведувајќи и дека преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следат состојбата.

„Министерството за надворешни работи препорачува зголемени мерки на претпазливост при патување во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во овој период“, наведуваат од МНР.

Во Италија досега се потврдени 190 случаи на заболени од коронавирус, а четири лица починаа.