Зголемениот број заболени од коронавирус предизвика страв од пандемија

Илустрација- тест за коронавирус

Стравувањата дека коронавирусот може да доведе до пандемија растат по зголемувањето на бројот на заболени во Иран, Италија и Јужна Кореја. Авганистан, Бахреин и Кувајт денеска соопштија дека ги регистрирале првите случаи на своја територија кај луѓе кои биле во Иран, кој пак има најголем број починати лица по Кина, која е епицентар на заболувањето. Иранските медиуми јавуваат дека досега се потврдени 47 случаи, од кои 12 починале. Во Италија се регистрирани 190 случаи, а четворица починале од коронавирусот.