Османи: Изборите се многу важни, се совпаѓаaт со Самитот на ЕУ во Загреб

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи

Бујар Османи,шеф на Изборниот штаб на ДУИ и вицепремиер за европски прашања денеска упати порака до учесниците на предвремените парламентарни избори на 12 април дека од особено значење за нас ќе биде каква ќе биде кампањата имајќи предвид дека на 26 март е Самитот на ЕУ во Загреб.

"По новата усвоена методологија и прогрес извештајот кој што го очекуваме околу 2 и 4 март, еден од најважните фактори кои ќе ни ја определат судбината, ако можам да кажам во март е како ќе се одвива изборниот процес" рече Османи.

Исполнувањето на сите предуслови за фер и демократски избори ќе биде многу важно, рече Османи повторувајќи дека новиот Совет на ЕУ ќе се случи на 26 март, а тоа е четврти ден од кампањата.

"Што значи дека тоа што ќе се случи на овие избори во предизборната кампања и во почетокот на изборната кампања ќе биде последното што ќе го имаат во нивната меморија министрите и премиерите кога ќе ја носат одлуката. Овие избори не се исти со кои било
други избори бидејќи се случуваат во моментот кога се носат одлуките. Микроскопот е зголемен на многу пати што се случува во земјата, а дури и минималните инциденти ќе имаат влијание на чуството што ќе го имаат министрите и премиерите кога ќе ја носат одлуката,
рече Османи.