Сандерс води во Невада, Бајден е втор

Американскиот претседателски кандидат на демократите, Берни Сандерс.

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс се очекува да победи на кокусот на демократите во Невада, и со тоа да ја зацврсти позицијата како демократски предводник во трката за преземање на претседателката функција од Доналд Трамп во ноември.

Американските медиумите објавија дека резултатите покажале дека Сандерс е во удобно водство со 46 проценти од гласовите.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден е на второто место, со 23 проценти, а потоа следат градоначалникот на градот Индијана, Пит Бутигјег и сенаторот од Масачусец, Елизабет Ворен.

На резултатите од Невада се гледа како на индикација кое ниво на поддршка може да добијат кандидатите на национално ниво. Државата е најнаселена и етнички поразновидна од претежно белата Ајова и Њу Хемпшир, каде се одржаа двата претходни натпревари.

Американските претседателски избори ќе се одржат на 3 ноември.