Државната изборна комисија на денешната седница информираше дека нема да дозволи изборната кампања да стане валкана.
Претствниците на ДИК рекоа дека партиите кои нема да се однесуваат одговорно ќе бидат казнети согласно одредбите од Изборниот Законик и дополнија дека ќе се мониторираат сите собири и јавни настапи.
" Граѓаните ќе ја донесат одлуката но битно е тоа да да биде во слободна атмосфера без влијанија и притисоци", изјави Борис Кондарко член на ДИК.
Деновиве техничкиот министер Оливер Спасовски за медиумите изјави дека очекува ова да биде една од најцрните капањи во историјата на Македонија.
“Сигурен сум дека оваа изборна кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјата. Сигурен сум дека лажните вести и медиумската пропаганда ќе бидат секојдневие за време на изборите. Но, државните институции се доволно силни и подготвени да обезбедат изборите да се одржат во нормални околности”, изјави Спасовски.
Предвремните парламентарни избори треба да се одржат на 12 април.
Поради негативна кампања може да се очекува намалена излезност