Сандерс го повика Путин да не се меша во кампањата

Сенаторот Берни Сандерс кој е еден од кандидатите на демократите за претседател на САД.

Сенаторот Берни Сандерс кој е еден од кандидатите на демократите во претседателската изборна трка во ноември, ја предупреди Москва да не се меша во процесот за поддршка.

Сандерс ова го кажа по извештаите што неодамна го добил од американските разузнавачи. „ Мојата порака до Путин е јасна: Останете надвор од американските избори “, рече 78-годишниот сенатор од Вермонт.

„За разлика од Доналд Трамп, јас не го сметам Владимир Путин за добар пријател. Тој е автократски насилник, кој се обидува да ја уништи демократијата “, изјави тој. Сандерс рече дека Русите сакаат да ја поткопаат американската демократија со тоа што ќе ги разделат и дополни дека, за разлика од сегашниот претседател, тој е цврсто против нивните напори и секоја друга странска моќ што сака да се меша во американските избори.

„Вашингтон пост“ вчера објави дека американски официјални претставници му кажале на Сандерс, дека Русија се обидува да му помогне на Трамп во кампањата за претседател. Сандерс не даде детали, но рече дека „разузнавачката заедница ни кажува дека Русија се меша во кампањата во 2020 година“.

На 20 февруари, повеќе медиуми објавија дека американски разузнавачки службеници предупредиле дека Русија се меша во претседателските избори што треба да се одржат во ноември оваа година, во обид да помогне во кампањата за повторен избор на Трамп.

Сенаторот Берни Сандерс овој месец тесно победи на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир за претседателски кандидат на Демократската партија. Со тоа тој го зацврсти неговиот статус на прв човек на демократите во изборната трка во ноември против претседатлот Доналд Трамп.