ДИК го отфрли барањето на Чулев за новиот началник на Тетово

Техничкиот министер за внатрешни работи на Северна Македонија Наќе Чулев.

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го отфрли барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за мислење за поништувањето на владиното решение за назначување на нов началник на СВР Тетово. Од таму посочија дека тоа е во надлежност на Државната комисија за спречиување на корупција ДКСК.

Чулев бараше ДИК да ја оцени законитоста на актот за поништување на решението за именување на Гоце Јанкулоски на работното место началник на СВР Тетово.

На седницата беше кажано дека за вакви барања кои се однесуваат на „забрани за именување и разрешување за време на распишани избори“, е надлежна Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Обвинителството постапува за меѓусебните обвинувања во МВР

Деновиве Основното јавно обвинителство соопшти дека ги проверува наводите од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој од нив побара истрага за одржаната седница на Владата минатата недела и на донесената одлука за поништување на решенијата донесени од него.

„За таа цел, надлежниот јавен обвинител поднесе барање до Владата на РСМ за обезбедување на потребните податоци и писмени докази кои се однесуваат на наводите“, наведува обвинителството.