Москва негира мешање во претседателските избори во САД

Архивска фотографија- портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков денеска во Москва рече дека предупредувањата од американските разузнавачи се неточни. Разузнавачите деновиве во Конгресот изјавиле дека Русија се меша во изборната кампања со цел да се фрли сомнеж врз интегритетот на изборите и да се засили реизборот на претседателот Доналд Трамп. Ова, како што јави Ројтерс, било пренесено од лице запознато со брифингот.

„Ова е уште едно во серијата параноични извештаи и жалиме што мора да кажеме дека тие ќе станат се почести со приближувањето на изборите. Очигледно тоа не е точно“, рече Песков.

Според американските разузнавачки служби руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година преку кампања на социјалните мрежи и хакирањето на мејловите на демократската патрија ја засилија кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и го поткопаа неговиот политички ривал Хилари Клинтон. Трамп тоа го нарече „измама“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Трамп, руското мешање и „Однесено со виорот“