Премиерот Оливер Спасовски денеска рече дека за кризата поради немањето обрасци за пасоши има две решенија.
„Едното е разговор со фирмата, која е добавувач да го направи тоа што е можно побрзо и на начин на кој ќе придонесе целата оваа работа да се преброди во целиот период, а тоа мора да оди заедно со менаџирање на состојбите внатре. За второто решение, тука воопшто не е проблем свикување седница на Владата, проблемот е што законот за патни исправи утврдува колкава е важноста на секоја исправа и со одлука на Влада не може да се промени законскиот текст. Тука е клучна анализата што Владата ја прави, направени се консултации со клучните партнери, со Фронтекс и во целиот овој процес очекуваме да се најде решение кое ќе помогне, но менаџментот е број еден“, нагласи Спасовски.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев предложи Владата да усвои методологија со која со печат и со испраќање нота до државите во светот ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови патни исправи.