Меркел по нападот во Ханау- омразата го труе нашето општество

Архивска фотографија- германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска рече дека доказите упатуваат на тоа дека напаѓачот кој уби девет лица во германскиот град Ханау бил „отруен од расизам“.

„Расизмот е отров. Омразата е отров. И таа омраза постои во нашето општество“, рече Меркел.

Зборувајќи во Берлин денеска, само неколку часа по пукањето, кацеларката рече дека владата ќе ја искористи целата своја моќ за да се бори против тоа што ја дели Германија.

Изјавата на Меркел следува откако германските истражни органи соопштија дека убиството на најмалку девет лица во двата одвоени инциденти ноќеска се третира како „терористички напад“ извршен од “ксенофобични мотиви“. Напаѓачот медиумите го опишуваат како приврзаник на крајно десничарската идеологија.

Инаку, првиот напад се случи синоќа во барот „Миднајт“ во центарот на градот, а вториот во кафулето „Арена бар“. Подоцна напаѓачот беше пронајден мртов во неговиот дом.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Се самоубил напаѓачот кој уби девет луѓе во Германија