Кина објави голем пад на бројот на нови случаи на коронавирус, зголемувајќи ги надежите дека епидемијата слабее. Сепак смртните случаи продолжуваат да бележат пораст. Националната здравствена комисија на Кина денеска пријави 628 нови случаи во централната провинција Хубеи, што се смета за епицентарот на појавата и 45 случаи на други места во земјата. Тоа е најмал број на нови случаи за скоро еден месец.
Во меѓувреме, Кина соопшти дека бројот на починатите изнесува 2.118. Повеќе од 74.000 луѓе се заразени во Кина, а неколку стотици во скоро 30 земји.