Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска изрази оптимизам дека Северна Македонија и Албанија се способни да ги испорачаат реформите кои се бараат од нив за да се придружат во Европската унија.
"Јас сум многу охрабрен по мојата посета на двете земји“, рече Вархеји денеска во Брисел.
Тој додаде дека двете земји не се откажуваат од реформите, дека испорачуваат и дека ако го прават тоа може да има уверение дека треба да ги почнат преговорите.
"Нема ништо друго освен членството како понуда“, рече Вархеји.
Неговите забелешки доаѓаат откако францускиот претседател Емануел Макрон, кој во октомври го блокираше отворањето на преговорите со Скопје и Тирана, минатата недела рече дека двете балкански земји може да ги почнат преговорите ако Европската комисија во своите извештаи оцени дека се спремни.
Зеленото светло од комисијата потоа се очекува да биде разгледувано на самитот на ЕУ кој треба да се одржи во мај во Загреб, а на кој треба да учествуваат и лидерите на шесте балкански земји.
Ваквиот развој на настаните доаѓа и во време во кое растат загрижувањата дека во ЕУ се зголемува руското и кинеското влијание во регионот, а дека западниот блок не прави доволно за поддршка на шесте балкански земји.