Со изведување на докази обезбедени со посебни истражни мерки, со тајно следење на Бојан Јовановски и Зоран Милевски надвор од домот со посебни технички средства, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за случајот Рекет.
Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени возило порше со бугараки ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваат и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката Охис и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска.
Во случајот обвинети се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Јовановски и Милевски. Според обвинението, тие се здружиле за да му земаат пари на бизнисменот Камчев во замена за олеснителни околности во предметот „Империја“ кој тогашното СЈО го водеше за него. Милевски на првото рочиште ја прифати вината и доби три години затворска казна.