Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека доколку во март бидат позитивни резултатите од извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија, тој ќе го поддржи започнувањето на преговорите за нивно приклучување во блокот, јавува Ројтерс.
„Го чекаме извештајот во март, во зависност од тоа дали резултатите ќе бидат позитивни и се утврди доверба, тогаш ќе бидеме во позиција да ги отвориме преговорите“, изјави Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен.