Американскиот оддел за правда ја обвини кинеската компанија Хуавеи за помагање на Иран во следење на луѓето кои излегуваале на антивладините протести пред десетина година.
Ова обвинение објавено вчера е последното на САД кон кинескиот телекомуникациски гигант. Во него Хуавеи исто така е обвинет за кражба на трговски тајни од шест американски технолошки компании и завера за рекетирање.
Овие обвинувања ќе бидат додадени на предметот кој претходно е отворен во сојузната држава Њујорк каде компанијата се соочува со обвинение дека ги лажела банките за договори со кои се прекршени економските санкции воведени за Иран.