Денешното рочиште за случајот "Рекет" заврши со слушање на две аудиоснимки од УСБ што го предал обвинетиот Зоран Милески Кичеец.
На УСБ-меморијата има пет снимки, од кои обвинителството како докази предлага три.
По крајот на рочиште, адвокатите во „Рекет“ ги оценија снимките како нејасни и приватни и рекоа дека не може да бидат доказ.
Дељо Кадиев, адвокат на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева рече дека снимките немаат автентичност.
„ Тоа се незаконски снимки и не се знае под кои услови биле снимани. Ставот на Јанева, а и на целата нејзина одбрана е дека овој предмет е конструиран да послужи како одбрана за случајот ‘Империја'”,изјави Кадиев.
Според Сашко Дукоски, адвокат на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, снимките не даваат ново светло за предметот.
„Снимките немаат врска со предметот“, изјави Дуковски.
Ваквата негова изјава следи откако здравствената состојба на Боки повторно беше тема на разговор во судницата.
Тој рече дека првпат се среќава со ситуација кога не се дозволува да се изведат снимки предложени од обвинителството и ѝ се предлага на одбраната да ги предложи како свои докази.
Инаку, двете снимки што денеска се слушнаа од УСБ-меморијата на Кичеец беа тешко разбирливи во делот каде што седеа новинарите.
Претходно одбраната на обвинетите во случајот ,,Рекет” ги оцени како неавтентични снимките објавени во италијанскиот весник ,,Ла Верита”, кои денеска се презентираат во Кривичен суд како докази од сведокот Јордан Камчев. Според Сашко Дукоски, адвокат на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, Камчев кој е сведок во „Рекет“ ги доставил овие материјали до обвинителството бидејќи е осомничен во друг предмет „Империја“ и негова цел е Боки 13 да се прогласи за виновен.
Обвинителката Вилма Русковска претходно кажа дека овие разговори не се обезбедени со посебни истражни мерки. Обвинетиот Боки 13 истакна дека стануваа збор за груба аматерска монтажа.
Обвинителството не открива дали ја има снимката со Камчев и Боки 13 што ја објави „Ла Верита“
Од вторник треба да почне изведување на доказите на одбраната. Најавено е дека треба да се сослушаат сведоци што ги предлага Бојан Јовановски.