Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците од партијата што ја предводи во Парламентот поради отстапувањето од политичкиот договор денеска да биде распуштено Собранието. Тој најави дека во текот на денов за учеството на пратениците ќе одржат состанок на извршниот комитет.
Во однос на предлогот од премиерот Оливер Спасовски за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи, кадар делегиран од ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, апелира на разум и достоинство. Смета дека тоа се политички маневри и предупредува дека може да ја однесат државата во тешко политичко сценарио.
„Апелирам до Спасовски да се воздржи од какви било политички маневри и слугувања на политиките на СДСМ, да го гледа државниот интерес и свесно да не ја тера државата во едно тешко политичко сценарио“, рече Мицкоски при посетата на МАСИТ.