Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска на прес конференција во Брисел рече дека “членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом Северна Македонија стане полноправна членка“.
„Ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз Северна Македонија, а членот пет ќе биде обврска“, изјави Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали неусвојувањето на нов закон за одбрана го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата, тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.