Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека 108 луѓе починале од коронавирусот со што бројката на починати од ова заболување се искачи на 1016. Според последните податоци 42 638 луѓе имаат коронавирус во Кина, а потврдени се 319 случаи во 24 други земји и еден смртен случај.
Во провинцијата Хубеи, епицентарот на респираторниот вирус, 103 луѓе починаа, а регистрирани се 2097 нови случаи, соопшти комисијата денеска.
Светската здравствена организација наведе дека ширењето на вирусот меѓу луѓето кои не биле во Кина може да биде „искра што ќе предизвика поголем оган“ и побара од државите да не дозволат епидемијата да излезе од контрола.