Над 900 починати од коронавирусот во Кина

илустрација

Бројот на смртни случаи во Кина од коронавирусот се зголеми на 908, објавија денеска кинеските власти. Деведесет и седум нови починати беа пријавени во текот на вчерашниот ден, најмногу, односно 91 во провинцијата Хубеи, каде што вирусот за прв пат се појави во декември лани. Досега во Кина има 40.117 потврдени случаи на коронавирус, а Светската здравствена организација соопшти дека епидемијата се чини дека се стабилизира. Надвор од Кина, во над дваесетина земји има повеќе од 350 потврдени случаи на овој вирус.