Владата го усвои законот за ЈО

Седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на синоќешната седница го усвои предлог-законот за јавно обвинителство. Според владини извори на кои се повикуваат македонските медиуми, се очекува законот да се најде на дневен ред на пленарна седница в среда, 12 февруари – кога е планирано да се одржи и седницата за распуштање на парламентот.На владината седница, според информациите на „360 степени“, до последен момент се усогласувале ставовите меѓу министрите од СДСМ и од ДУИ околу Бадентеровото мнозинство за избор на обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. На седницата, според информациите, присуствувале и министрите од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи и Наке Чулев, кои гласале „против“.