Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите најави дека ќе го поддржи законот за јавно обвинителство при што наведе дека со власта договориле неколку точки. Според нивното соопштение договорено е Јавниот обвинител кој ќе раководи со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да биде избран непосредно со гласање на сите обвинители, потоа обвинителите пред да преминат во ова обвинителство мора по завршување на академијата за обвинители да поминат три години во Основните обвинителства. Политичарите се договориле и дека Јавното обвинителство повеќе не можа да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушувани разговори.
„Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи. Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон“ се вели во нивното соопштение.
Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ апелира до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да даде конструктивни и издржани амандмани кои, како што наведуваат заедно ќе ги поддржат и во интерес на граѓаните да донесеме законско решение во духот на градењето доверба во создавањето правна држава и дополнително заедно да и помогнеме на нашата држава во евроатланските процеси.
Заев: Независната пратеничка група ќе гласа „за“ законот за ЈО
Претходно лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека е постигната согласност од 80 пратеници кои ќе гласаат „за “ законот за Јавно обвинителство.
Прелог законот за Јавно обвинителство беше разгледуван речиси една година од власта и опозицијата, при што не најдоа заедничко решение.