Коронавирус- тројца Македонци на патничкиот брод во Јокохама

Јапонија- телевизиски екипи го снимаат патничкиот брод кој се наоѓа вкотвен во пристаништето Јокохама поради коронавирусот

Министерството за надворешни работи денеска информира дека според последните информации добиени од министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца македонски државјани на патничкиот брод кој е задржан близу Јокохама, Јапонија. Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот.

На бродот има 3700 луѓе и сите се тестирани. Според последните информации 20 луѓе се заболени од вирусот, а се чекаат резултатите за 170 луѓе.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање“, наведуваат од МНР.

Инаку претходно јапонското министерство за надворешни работи информираше дека на бродот има и 24 Руси, а според извор на РСЕ таму има и 20 Украинци.