Новата методологија за проширување поздравена од партиите во ЕП

Европскиот парламент

По ревидираната методолодија на Европската комисија со која се воведуваат промени во преговарачкиот процес за членство во ЕУ. Европската народна партија порача дека се надева оти конечно ќе можат да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.

"Ова е важно од аспект на кредибилност, ветивме дека ако Северна Македонија на пример ги исполни барањата ќе отвориме преговори и минатата есен не го исполнивме ветеното", изјави Микаел Галер, германски пратеник од ЕПП.

Социјалдемократите сепак побараа новата методологија да не се користи како оправдување за дополнително одлагање на преговорите со двете земји и повторно ги повикуваат земјите членки да дадат зелено светло.

"Проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ и мора да продолжи затоа што е нашата најдобра алатка за да ги вкотвиме кревките балкански држави на патот на демократските реформи. Точно е дека од последното големо проширување во 2004 научивме многу лекции и методологијата треба да се подобри за да се одговори на легитимните преокупации на граѓаните на ЕУ и на западниот Балкан", изјави Кати Пири, холандска европратеничка од Социјалдемократите.

Центар левицата во Европскиот Парламент бараат поголем фокус во преговорите врз социјалната димензија и животната средина.

Групата на Либералите “Обнова Европа“ верува дека новата методологија ќе создаде потранспарентен и поефикасен процес на преговори за земјите. Претседателот на пратеничката група на Либералите, Романецот Дачиан Чолош рече дека е важно е да се даде нов поттик на процесот на проширување кој Обнова Европа целосно го поддржува.

"Следниот чекор, по договорот за методологијата, треба да биде отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија. Процесот на проширување треба да биде политички процес, а не само административен" изјави Чолош.