Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа дека вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска создава лажна слика за пензиите доведувајќи ја во заблуда јавноста, посебно пензионерите. Според партијата, Царовска се фали дека ги зголемува пензиите, кои претходно ги скратила со законот за нивно порамнување.
„Со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ во првите 6 месеци од 2019 одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019 одзема дополнително 705 денари месечно. Вкупно во 2019 година СДСМ на пензионерите им одзеде 6900 ден или по 575 денари месечно“, соопштуваат од опозициската партија.
Царовска денеска изјави дека јануарските пензии на 324.000 корисници на пензија се повисоки за 722 денари.