Младите Грци и Македонци имаат исти проблеми и интереси

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Млади македонци и грци го славеа пријателството во Скопје

Во Скопје денеска се одржа состанок на млади студенти и средношколци од Грција и од Северна Македонија по повод основање билатерални канцеларии за младинска соработка меѓу двете земји. Младите велат дека сакат да работат на зеднички проблеми со кои се среќаваат во секојдневниот живот .

За Мери Дросополус од Солун и Димитар Врглески од Прилеп патувaњата, дружeњата и разговорите за секојдневните проблеми со кои се среќаваат во своите земји се заедничка основа за дружење и соработка.

Мери припаѓа на генерацијата млади која не е оптоварена многу со политика и која лично испила многу кафиња и имала долги разговори со нејзините врсници од Македонија. Но ја загрижува фактот дека овие нејзини ставови не ги делат сите луѓе оптоварени со предрасуди. Според неа, тоа е така затоа што луѓето не зборуваат меѓу себе.

"Дојдов да го прославам пријателство денеска, не дојдов за официјалниот настан на кој зборуваат политичарите. Тука сум пред се, со пријателите за да ги прославам сите заеднички активности, имавме заеднички одмори и кафиња и долги разговори. Луѓето велат вие сте блиску географски и треба да разговарате и да бидете поблиски зашто сте соседи. За мене аргумент е дека Северна Македонија е прекрасен сосед. Не би посакала друг сосед затоа што имаме толку многу заедничко. Ако заеднички зборуваме и откриваме што се имаме ќе разбереме дека сме добри соседи, вели Мери.

Димитар смета дека сите млади се потенцијал во регионот и дека со заеднички сили тие може да помогнат и за економски просперитет, за намалување на невработеноста и поголемо младинско учество.

"Како и секој млад човек младинското вработување, младинските политики, учеството како на локално така и на национално ниво разменување на практиката се заеднички јазик", вели Димитар.

Видете и ова: Брнс: граѓаните да размислат кога се зборува за ревизија на Договорот од Преспа

Но, тие велат дека сите луѓе не ги делат истите пријателски ставови.

"Не кај сите има омраза и сомневања, но она што го гледам е дека дека и од двете страни тоа го има кај луѓето што не зборуваат меѓу себе или не биле во посета на другата земја. Предзивик е да се посетат убавините на Халакдики, а вие ги имате Матка, Охрид, Дојран кои се убави. Ајде да се посетуваме", вели Мери.

Мери и Димитар се дел од групата од околу 200 млади луѓе од Грција и од Македонија кои престојуваа на иницијален состанок за формирање на билатерални канцеларии за младинска соработка меѓу двете соседни земји. Проектот го спроведуваат Младински сојуз Крушево и УНЕСКО Младински клуб од Солун како чекор во зголемувањето на соработката помеѓу младите од двете држави.

Методија Стојчевски, координатор на проктот, изјави дека отворањето на канцелариите е предвидено за наредната година и е производ на Преспанскиот договор потишан во април 2018 година.

Тој рече дека маладинската соработка меѓу двете организации постои уште од 2009 година како последица на тогашниот пораст на национализмот во двете земји и желбата тој да се надмне. Тој вели дека денеска младите делат многу заедники проблеми за чие надминување треба да соработуваат.

„Младите сакат да работат на зеднички проблеми со кои се среќаваат во секојдневниот живот. На пример процентот на младинска невработеност во Северна Грција е на највиско ниво во ЕУ а исто е во пограничниот регион кај нас “ вели Стојчески.

Бабис Папајоано од Младинскиот клуб во Солун, координатор на проектот, потсети дека во последните дванаесет, тринаесет години младите луѓе од Северна Македонија и Грција учествувале во заеднички активности, разменувајќи ги идеите за иднината на нивните земји.

"За жал живееме во дел од Европа во кој има многу проблеми за младите и заеднички се проблемите. Пред два месеци бевме тука со група студенти од универзитети од Солун и сфативме дека тие студираат исти предмети историја, математика и ги имаат истите проблеми. Проблемите на младите се социо-економски, но можам да кажам дека најважното е младите во двете земји да сфатат дека се дел од Европа и дека тие треба да се однесуваат како европски граѓани. Затоа и со оваа иницијатива ние воведуваме европски алатки и чекаме позитивни реакции од младите во граѓанските организации" вели Папајоано.

На денешниот состанок во МКЦ имаше многу млади луѓе, а ,исто така, присутни беа и претседателот, Стево Пендаровски, амбасадорите на Грција, на САД и на Германија.

Пендаровски во обраќањето изјави дека отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Република Грција е извонреден чекор во зголемувањето на соработката помеѓу младите од двете држави.

"Ова е производ на Преспанскиот договор со кој ги тргнавме политичките пречки што ги оптоваруваа нашите односи и во исто време природен и нормален тек на соработката која треба да постои меѓу двете држави" рече Пенадровски.

Следната средба треба биде во Грција за време на летниот период, кога ќе бидат поканети многу млади од Македонија и заеднички ќе разговараат за проблемите и иницијативите.