Британскиот премиер Борис Џонсон се очекува денеска да прогласи „нова зора“ за земјата на денот на таканаречениот Брегзит. Но Џонсон рече дека тоа ќе го направи „со почит“ кон постоечката лутина поради заминувањето на земјата од Европската унија. Џонсон планира да го одбележи британското заминување со неговиот тим во резиденцијата на Даунинг стрит и ќе ги одбегне големите забави во Лондон организирани од пробрегзит поддржувачите.
Во меѓувреме, претседателите на Европскиот совет, на комисијата, и на парламентот наведоа дека заминувањето на Британија ќе биде нов почеток и за Европа и предупредија дека земјата нема да ги задржи придобивките од членството по нејзиното заминување.
На референдумот во јуни 2016 година 52 отсто од британските гласачи се изјаснија за излегување на земјата од унијата, а досега траеја преговорите за формалното излегување на Велика Британија од блокот.