„Рекет“ продолжува со презентирање докази

Архивска фотогафија-рочиште за случајот „Рекет“,30.01.2020

Судскиот процес за предметот „Рекет“ продолжува денеска со презентација на материјалните докази. На вчерашното рочиште обвинителката Ивана Трајчева, која ги читаше доказите, наброја дека од домот на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 земале многу предмети, гардероба и мебел, додека од домот на обвинетата Катица Јанева се одземени лаптоп, УСБ-стикови и други предмети.

Според обвинението, поранешната специјална јавна обвинителка Јанева, Јовановски и Зоран Милевски се здружиле за да му земаат пари на бизнисменот Јордан Камчев во замена за олеснителни околности во предметот „Империја“ кој тогашното СЈО го водеше за него. Милевски на првото рочиште ја прифати вината и доби три години затворска казна.

По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.