Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган вели дека тие го губат трпението со воениот напад во сириската провинција Идлиб, последното упориште на опозицијата. Тој ја обвини Русија дека не ги почитува договорите со кои треба да се заврши насилството таму. Во денешното обраќање Ердоган предупреди дека Анкара ќе направи се што е потребно ако не заврши бомбардирањето во северозападната провинција.
Турција и Русија, кои поддржуваат спротивни страни во Сирија, се согласија да работат на намалување на борбите во Идлиб и да создадат демилитаризирана зона. Како и да е, силите на сириската влада поддржани од Русија, преземаа офанзива во Идлиб последниве недели. Стотици илјади цивили ги напуштија своите домови и тргнаа кон границата со Турција.
Последните коментари на Ердоган се во моменти кога сириските војници влегоа во стратегискиот град Мараат ал-Нуман во Идлиб. Државните медиуми јавија дека војската го ослободила градот по нанесувањето на големите штети врз борците џихадисти. Набљудувачките групи претходно соопштија дека дека опозицијата се повлекла.