САД, Франција, Германија, Италија, Британија не посредуваат за формирање влада во Косово

Архивска фотографија- мандатарот за состав на Влада во Косово и лидер на Самоопределување Албин Курти

Амбасадите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД (Петорката) во Косово објавија изјава во која го објаснуваат својот став дека нема да бидатпосредници во преговорите меѓу Самоопределување и Демократската лига на Косово (ЛДК) за формирање на нова влада, се наведува во соопштението пратено од амбасадите на петте земји.

„Во време на актуелните гласини, би сакале да го разјасниме нашиот став за процесот на формирање влада во Косово. Како што е наведено во нашата изјава од 30 август 2019 година, ние претставуваме нации кои се длабоко посветени на демократско и независно Косово. Секој предлог нашите влади да поддржат одредена партија или кандидат за избори е погрешен … одговорноста за иднината на Косово, за лидерите на Косово и за самото Косово е единствено на вас, народот на Косово, стои во изјавата.

Во неа е наведено и дека нема да учествуваат во посредувањето. Изјавата следува откако Самоопределување и Демократската лига на Косово (ДЛК) ги замолија амбасадорите на Петорката и шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово да помогнат во свикувањето состанок, потсетуваат бугарските медиуми.

Во Косово со месеци не може да се формира влада. На вонредните парламентарни избори на 6 октомври победи ВВ со освоени 26,27, додека ЛДК беше втор со 24,54 отсто од гласовите, така што во 120-членото Собрание партијата на Курти има 30, а онаа на Мустафа 28 пратеници.