Евроамбасадорот Самуел Жбогар на Твитер напиша дека се надеваат дека Законот за јавно обовинителство ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието. Тој пораката на Твитер ја напиша додека во Собранието течеше јавната дебата за предлог-законот за Јавно обвинителство.
„Земјата треба да продолжи да ја покажува својата посветеност на реформи особено во клучни области“, пишува тој. Предложеното законско решение, како што вели Жбогар, е добра основа за да се донесе консензуална одлука.
За надминување на партиските интереси и усвојување на законот, повика и американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс. Таа денеска на тркалезна маса посветена на патото кон НАТО, рече дека Македонија треба да работи посилно во борбата против корупцијата.
„Ние мислиме дека освојувањето на предлог Законот за јавно обвинителство ќе покаже, во овој критичен момент, ангажираност на Македонија за владеење на правото и борба против корупцијата и ова треба да биде над политичките партии. Случаите на Специјалното обвинителство треба да продолжат, граѓаните чекаат и заслужуваат да видат како сносат одговорност тие кои ја злоупотребиле довербата на јавноста. Тие заслужуваат да видат како правдата се имплементира на еднаков начин за сите. Младината во Македонија заслужува да има иднина“, изјави амбасадорката Брнс.