Движењето Самоопределување најави дека денеска продолжуваат преговорите со Демократскиот сојуз на Косово, во обид да се постигне договор за формирање заедничка влада на овие две партии кои победија на октомвриските парламентарни избори. Вчерашната нивна средба заврши без резултат. На денешните разговори е предвидено да присуствуваат и шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Приштина Наталија Апостолова и амбасадорите на земјите од таканаречената „Група Квинт“, односно петте најмоќни држави акредитирани во Косово – САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.