Ахмети: Неопходен е ветинг

Али Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во интервју во телевизијата Клан, зборувајќи за владеењето на правото и селективната правда, порача дека е неопходен ветинг. На прашањето за случувањата поврзани со специјалното обвинителство, Ахмети потсети на ставот на ДУИ за витетинг. „Нашата земја има сериозна потреба од ветинг за политичари, министри, пратеници, градоначалници, судии, обвинители и сите. ДУИ е единствената партија што побара да се испита од обвинителството. Јас сам во тоа време сум побарал од Катица Јанева затоа што се соочуваме со клевети секој ден. Затоа ние бараме владеење на правото преку ветингот“, рече Ахмети. На прашањето за ставовите на опозицијата против договорот од Преспа и Законот за јазик, Али Ахмети истакна дека овие ставови се дневна политика за моментални потреби. „Секој треба да знае дека нема враќање од јазичната еднаквост, промената на името и добрососедството. Во пролет ова година, Европа е многу заинтересирана Македонија и Албанија да започнат преговори за пристапување во ЕУ во март“, рече Ахмети.