Германската канцеларка Ангела Меркел денеска рече дека во март ќе притиска Северна Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори со ЕУ.
По состанокот со албанскиот премиер Еди Рама во Берлин, Меркел рече дека тие пред се сакаат да постигнат договор на следниот Европски совет во март за почеток на преговори со Албанија и Македонија.
„Двете земји постигнаа многу. Сега ние силно ќе работиме во март да се постигнат посакувани резултати“, рече Меркел.
Пораки дека самитот напролет е важен за европската иднина на двете земји периодов испратија и челниците на Европската унија.Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Скопје минатата недела, рече дека на 26 март Европскиот совет ќе има тешки разговори за проширувањето.
Временска рамка во преговарачкиот процес со ЕУ?
Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, кој претходната недела беше во Скопје, ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и најави дека повторно ќе биде побаран почеток на преговори за Северна Македонија, за што ќе одлучува Советот во март.