Над 11 илјади и 700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот, за кој во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари, информирааденеска од Владата. Премиерот Оливер Спасовски денеска изјави деказа две и пол години со овие мерки над се вработени 59.000 граѓани, а невработеноста да ја намалиме на рекордно ниско ниво од 17,1 отсто, што е намалување за 5,5 процентни поени, рече Спасовски.
„За оваа намена во 2020 година се планирани 1,4 милијарди денари од кои 1,3 милијарди денари ќе ги обезбеди државата додека останатите средства се обезбедени преку партнерски организации (140 милиони денари). Очекувањата се дека во оваа програма ќе бидат вклучени 11.761 лице и да има рамномерен опфат на мажи и жени, фокусот да биде најмногу на лица до 29 години и програмата има рамномерна регионална застапеност“, изјави Спасовски презентирајќи го Оперативниот план.
Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска изјави дека преку оперативните мерки за вработувањесе обезбедува поголема вработливост кај сите невработени лица во нашата држава, стимулирајќи ги тие да се преквалификуваат, доквалификуваат од една страна како физички лица, а од друга страна компаниите да апсорбираат одредени мерки со кои ќе може да ги вклучат овие невработени лица на пазарот на труд.