Филипче: Без паника, ама од утре превентивни мерки против коронавирусот

Венко Филипче

Простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но ќе се преземат превентивни мерки и од утре ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат вска со регионот во Кина кадешто е жариштето на овој вирус.

Ова е заклучокот на Комисијата за заразни болести, што денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми, изјави министерот.

Филипче додава дека согласно последните евалуации нашиот аеродром ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пацинетите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Министерот посочува дека со оглед на тоа што е сезона на грип се очекува и многу лажни позитивни резултати.