Адвокатот Сашко Дукоски на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски -Боки 13 денеска пред Апелацискиот суд бараше да му се укине мерката притвор на неговиот клиент. Дукоски вели дека Јовановски за шест месеци колку што е во притвор, 60 пати бил на лекарски прегледи. Адвокатот вели дека тоа е тортура и ја претвора мерката притвор во казна. Како главен аргумент зошто да му се укине притворот, адвокатот ја наведува здравствената состојба на Јовановски.Одбраната на Јовановски пред Апелација ја обжалува одлуката на судот да му сепродолжи мерката притвор по точка 1 со образложение – „опасност од бегаство“.
Апелацискиот суд одлуката ќе ја соопшти дополнително.
Првообвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13 на денешното судење на Рекет посочи дека му е влошена здравствена состојба на што судијката одговори дека судот изготвува одговор на барањето да му се изврши интервенција во здравствена установа.
Во случајот „Рекет“, обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева за примање награда, Јовановски и за перење пари, а Јанева за злоупотреба на службена должност.