Вршителот на должност претседател на Врховниот суд Фаик Арслани денеска рече дека во моментот на примопредавањето на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски затекол триесетина стари предметисо донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не.
„На Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет донесовме одлука сите предмети да бидат пререферирани и така се случи. Дадов наредба, со оглед дека се работеше за постари предмети, да се стопира реферирањето на новите предмети од 2019 година и да се завршат сите предмети од 2018 година и постари. До денеска сите такви предмети беа пререферирани, донесени одлуки и 98 отсто од нив се изработени и експедирани“, вели Арслани.
Судскиот совет лани во септември го разреши Вангеловски од позицијата претседател на Врховниот суд.