Грција ја доби првата жена претседател на државата

Архивска фотографија- седница на грчкиот парламент

Грчките пратеници денеска ја изгласаа Екатерини Сакеларопулу за претседателка на државата. За неа гласаа 261 пратеник од 300 пратеници колку што има грчкиот парламент. Сакеларопулу, која ќе биде првата жена претседател на Грција, ја предложи актуелниот премиер и претседател на Нова Демократија Кирјакос Мицотакис. Таа ќе ја преземе функцијата на 13 март 2020 година кога истекува мандатот на актуелниот шеф на државата Прокопис Павлопулос. Шеесет и три годишната Сакеларопулу е судијка која има искуство со уставното право и правото на животната средина.