Руси „водоводџии“ - шпиони во Давос

Давос

Швајцарската полиција осомничила двајца Руси дека биле руски разузнавачи, објави швајцарскиот весник „Тагес Анцајгер“. Двајцата имале дипломатски пасоши и биле на почетна фаза од руската шпионска операција, односно инсталирање шпионска опрема во Давос. Руската амбасада во Берн оцени дека весникот се обидува да „направи скандал од ништо“ за време на одржувањето на Светскиот економски форум на кој учествува светската политичка и финансиска елита. Весникот наведува дека пред пет месеци во проверка на двајцата Руси тие покажале дипломатски пасоши, но официјално во Швајцарија не биле регистрирани како дипломати. Едниот од нив притоа рекол дека бил водоводџија. Тоа според руската амбасада во Берн, било „лоша шега“.