Илјадници луѓе во Црна Гора протестираа против верскиот закон

илустрација.

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие кој ја предводеше поворката во Тиват повика на повлекување на законот: „Нека падне овој закон за безаконие или нека падне владата која го донесе“, рече тој. Мирни протести имаше и во Подгорица, Никшиќ и други градови. Со новиот закон се бара од верските заедници да покажат дека имаат потврда за нивниот имот од пред 1918 година. Во спротивно имотот ќе им биде одземен од државата.