Рускиот премиер Медведев поднесе оставка

Русија- рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитри Медведев се сретнаа денеска во Москва, 15.01.2020

Владата на рускиот премиер Дмитри Медведев денеска си поднесе оставка, јавуваат руските медиуми, кои наведуваат дека оставката Медведев му ја доставил на претседателот Владимир Путин.Како што јавува агенцијата Тасс, Путин му се заблагодарил на Медведев за неговата работа и ќе го именувал за заменик-секретар во претседателскиот совет за национална безбедност. Путин, како што јавува Интерфакс, побарал од кабинетот на Медведев да продолжи со работа додека се формира нов.