Медена земја номиниран за Оскар во две категории

Архивска фотографија- тимот на Медена земја

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е номиниран во две категории за филмската награда Оскар. Филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е номиниран во категориите најдобар документарец и најдобар странски филм, објави пред малку американската академија.

„Пред сѐ, би сакале да им се заблагодариме на членовите на Американската Академија (AMPAS) за тоа што го вклучи „Медена Земја“ во трката за најпрестижната филмска награда на светот. Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна - алегорија на една глобална слика каде хуманото и натуралното се борат да преживеат“, напиша на официјалната страница на Фејсбук тимот кој стои зад Медена земја. Филмот е приказна за Атиџе и пчелите и досега доби голем број награди на повеќе светски фестивали.

Инфографики - Македонски филмови и Оскарите

Македонија испраќа кандидати за Оскар од 1994 година. Досега има испратено 14 филмови, но само Пред дождот на Милчо Манчевски во 1994 година успеа да биде номиниран. Доделувањетона Оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.