Роденден (на уметноста) во МКЦ по осми пат

Постер за „Роденден (на уметноста)“ во МКЦ

„Како и секоја година, така и оваа - отвораме сезона со славење на Роденденот (на уметноста)“, најавуваат од Младинскиот културен центар.

Во рамки на манифестацијата ќе има серија предавања од Скопското астрономско друштво во Планетариумот. Според програмата, од 18 часот ќе започне предавање за деца до 12 години, а од 19:20 и 20:40 часот ќе има предавање за возрасни. Во салата Фросина од 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Македонска сага“ од Сунчица Уневска, а во Галерија од 20 часот ќе се отвори изложба на Марина Убавкова. Понатаму, од 20:30 часот во Галерија 2 ќе има изложба на студентите од Машинскиот факултет, насловена „Мали хумани иновации“, а од 18 часот во Детски креативен центар ќе има детска работилница „Играј со светлината“. Од 21 часот во сала Фросина ќе имаат изведба Импров Групата „Настап“. Дел од музичката програма се Бојан Чакра, Теа Шалдева, Виолета Качакова, Ивана Драгшиќ, Dogs in Kavala, Porto Morto и The Local Blue.

Манифестацијата ќе се одржи на 18 јануари.