Генералниот секретар на НАТО Јен Столтенберг повика на воздржаност и на намалување на тензиите кои растат меѓу САД и Иран по убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани. Столтенберг по вонредниот состанок на амбасадорите на НАТО во Брисел изјави дека членките на Алијансата ја истакнале загриженоста поради дестабилизирачките активности на Иран во регионот на Блискиот исток. Во врска со убиството на Солејмани, генералниот секретар на НАТО Столтенберг рече дека воздушниот напад бил „американска одлука“.