Русија го прекина снабдувањето со нафта за Белорусија, бидејќи сè уште со неа не успеа да постигне економски договор за продлабочување на економските односи.
Руската нафтена компанија „Транснефт“, која управува со руските нафтоводи во Белорусија, потврди дека испораките се суспендирани, што пак беше најавено на крајот на минатата недела од белоруската државна нафтена компанија „Белнефтехим“, која соопшти дека Москва престала да ги снабдува со сурова нафта белоруски рафинерии сè додека не се склучат договори за оваа година. Две белоруски рафинерии работат со мал капацитет, користејќи залихи.
Транзитот на нафта пак преку Белорусија во други европски земји не е суспендиран. Исто така нема ограничување на снабдувањето со природен гас од Русија. Повеќе од дваесет години, Белорусија се потпира на евтини енергенси и кредити од Русија.
Кремљ од неодамна го зголеми притисокот врз својот сојузник, преку зголемување на цените и намалување насубвенциите. Официјална Москва смета дека Белорусија треба да прифати поголема економска интеграција со Русија доколку сака да продолжи да добива енергенси по руски домашни цени.