Ангеловска: Со мој ДДВ раст од 59 проценти на наплатата

Министерката за финансии Нина Ангеловска

Министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека резултатите од наградната игра Мој ДДВ се и над очекувањата.

За 15 дена во декември, откако почна наградната игра се скенирани онолку сметки колку што во претходниот период се скенирале просечно за еден месец

"Од јули минатата година просечно месечно се скенирале по осум милиони фискални сметки. Сега само во декември имаме 12,5 милиони фискални сметки, односно раст од над 53 проценти. Ако го земеме периодот од 15 декември до 31 декември имаме осум милиони скенирани фискални сметки, изјави Ангеловска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфернеција посветена на реализацијана Буџетот за 2019 година.

Според министерката важно е дека станува збор и за поголема наплата на ДДВ, односно во декември растот на наплатата на ДДВ изнесува 12 проценти, додека наплатениот ДДВ од скренираните сметки бележи раст од 59 проценти.

Првото извлекување на првите 15 награди од по 100 илјади денари треба да се случи на 4 јануари.