Костадинов: Мицкоски да предложи кандидат во согласност со Уставот

Архивска фотографија- Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ

Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието Костадин Костадинов денеска го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да предложел кандидат за министер за внатрешни работи кој ќе бил во согласност со Уставот. Ние сме спремни утре да избереме техничка влада, рече Костадинов, кој не коментираше ништо дополнително додека не го виделе конкретниот предлог од опозицискиот лидер.

Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави дека во текот на денешниот ден ќе предложи ново име кандидат за технички министер за внатрешни работи. Тој тоа ќе го стори откако ќе ги заврши, како што рече, последните консултации со премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

До ова дојде откако владата го одби како неуставен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој доаѓа од АРМ да биде на чело на МВР.