Русија и Украина потпишаа петгодишен договор за транзит на гас

Русија - гасоводни цевки.

Русија и Украина потпишаа петгодишен договор од 7 милијарди долари за транзит на рускиот природен гас во Европа, по интензивни преговори пред рокот кој истекуваше на крајот на годината.

Договорот беше потврден од страна на украинските и руските државни комании за гас, како и од украинскиот претседател Володомир Зеленски во пост на социјалните медиуми.

Моменталниот договор истекуваше на 31 декември, ризикувајќи ја виталната врска на Европа со милијарди метри кубни гас од Русија преку украинските цевководи.

Околу 40 проценти од 200 милијарди метри кубни гас кој Русија го испраќа во Европа годишно се пренесува преку огромна мрежа на цевководи во Украина.

Енергетските односи меѓу двете соседни земји се дел од поголеми геополитички борби кои вклучуваат воена окупација – Русија го анектираше украинскиот Полуостров Крим во 2014 година и ги поддржа сепаратистите во источниот дел на земјата и други прашања.