Ванденшрик: Огромните загуби на храна во светот се скандал

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ванденшрик: Донирањето храна е приоритетна тема во Европа

Во Европа има околу 35 милиони луѓе на им треба помош за храна, бидејќи се соочуваат со недостаток, а се проценува дека на годишно ниво 88 милиони тони храна завршуваат на отпад, вели претседателот на Европската федерација на банки за храна Жак Ванденшрик во интервју на Радио Слободна Европа.

Го реобјавуваме интервјуто првично објавено на 20 октомври 2019

Г-не Ванденшрик, објаснете што се подразбира банка за храна каква е улогата на Европската федерација на Банки за храна?

Банка за храна всушност е организирана акција чија главна цел е да се бори против отпадот од храна и против глад. Она што во основа го правиме е колку што е можно најпрофесионално да организираме обновување на вишоците на храна, не на расипана храна, туку храна која едноставно е вишок и која не може да се продаде, а потоа оваа храна ја употребуваме да ги нахраниме луѓето на кои им е потребна. Ова го правиме благодарение не мрежа на асоцијации и добротворни организации кои треба да имаат директна врска со корисниците. Обично банките за храна повеќе се логистичка платформа. Улогата на нашата федерација како прво е да здружува, ние имаме 25 полноправни членки на европскиот континент кои ја опфаќаат територијата на Европската унија, но исто така имаме и членки од земји кои не во ЕУ. Нашата улога како прво е да ги претставуваме пред меѓународните власти, како што се Европскиот парламент или Европската комисија, исто така и на глобално ниво во организации како Обединетите нации.

Какво е вашето мислење за моменталната ситуација во Европската унија за донирањето храна. Колку луѓето и компаниите се расположени да донираат?

Ситуацијата во Европа варира во зависност од земјите, но на глобално ниво би рекол дема има зголемена чувствителност на општествата, бидејќи очигледно донаторите на храна се дел од општествата. Исто така има зголемена чувствителност за проблемот за отпадот од храна, всушност тоа е на меѓународно ниво без разлика дали е Организацијата за храна и земјоделство на ОН или ЕУ, таа тема денеска е на врвот на агендата заедно со климатската криза и намалувањето на емисиите на стакленичките гасови и т.н. Би рекол дека на глобално ниво донирањето е драматично подобрено, но и покрај тоа е потребно да се направи многу, бидејќи според нашите проценки од 88 милиони тони храна кои на годишно ниво во Европа завршуваат на отпад или се загубени, ние можеме да повратиме 23 милиони тони храна. Од овие 23 милиони тони храна, банките за храна можат да повратат 780.000 тони храна што е голема количина, но исто така бројките покажуваат колку повеќе можеме да направиме доколку имаме вистинско опкружување во кое ќе можеме да работиме: доколку имаме правилни закони и правилна култура да бидеме внимателни кон планетата и кон жителите.

Дали сметате дека Европската унија прави доволно напори да го поттикне донирањето на вишоците храна?

Во многу земји можете да видите еволуција на законите кои го олеснуваат донирањето на храна. Економски е поевтино за компаниите, производителите и за малопродажниот сектор да ја донираат храната, отколку да ја уништат и во таа насока донирањето на вишоците има економска логика. Загубите на храната се скандал, тоа е срамно од социјална, економска и здравствена гледна точка. Едноставно е невозможно да продолжиме на овој начин, бидејќи ги уништуваме ресурсите на планетата поради тоа што произведуваме далеку повеќе храна за луѓето кои треба да се нахранат, а парадокс е од друга страна бидејќи во Европа се уште има околу 35 милиони луѓе на им треба помош за храна, бидејќи се соочуваат со недостаток.

Што според Вас треба да се направи за да се подигне свеста кај луѓето дека храната не треба да се фрла, бидејќи според податоците на ЕК 70% од отпадот од храна во ЕУ се јавува во домаќинствата, услугите на храна и малопродажниот сектор.

Очигледно дека е потребно многу повеќе да се направи во јавното образование. Рековме дека меѓу 40 и 50 проценти од отпадот од храна доаѓа од домаќинствата поради тоа што купуваме премногу храна и не менаџираме со фрижидерите како што тоа би требало да го правиме. Ако веќе сме подготвени да го зголемиме познавањето во јавноста за тоа на кој начин е правилно да купуваме храна и на кој начин да ја менаџираме храната во домаќинствата, ние веќе сме решиле голем дел од проблемот за отпадот од храна. Така сметам дека медиумите имаат огромна улога. Исто така преку хуманитарните организации можеме да испратиме пораки, но до луѓето кои не фрлаат храна поради тоа што немаат храна. Мислам дека целта е многу поголема и треба да биде упатена преку медиумите и властите на сите нивоа.

Од друга страна околу 460.000 луѓе во Македонија не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, според невладините организации, а земјата истовремено е на 10 место во светот по фрлање на храна. Колку донирањето храна може да ја промени оваа ситуација?

Треба да се направи сè за донирањето на храната да биде лесно. Со други зборови, јас не сум експерт за македонското право, но треба да ги отстраниме сите правни пречки за донирањето да се олесни. Тоа е првата работа. Исто така треба да направите услови за банки за храна или други граѓански организации да започнат со донации на храна. Владите во одредени земји во Европа одлучија донирањето на храна да го направат задолжително. Со други зборови, доколку производителите уништуваат храна, ќе бидат казнети.